Низа скандали во Министерството за Одбрана се откриваат во премиерното издание на емисијата „Блиц“, која утре во 22:45 ќе се емитува на телевизија Алфа.
Во видео најавата за оваа истражувачката емисија на новинарот Љупчо Златев, набројани се дел од скандалите кои ќе бидат презентирани во утрешната емисија.
Сексизам во Армијата. Директорот на военото разузнавање со јавни сексистички навреди кон жените војници. Офицер вратен од мисија во Авганистан поради обид за силување – поставен за полковник.
Очајни услови во касарните. Додека војниците живеат во беда, функционерите на Министерството спијат во скапи хотели во Америка и одат на балови. Најистакнатите во „Шарената Револуција“, сега се најистакнати во Министерството за одбрана.
Македонското воено разузнавање го води човек чиј брат е началник во војската на Република Србија, едниот брат води една, другиот брат друга армија. Него во 2012 година му го одзеле безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни, но, сега му е вратен по безбедносната проверка која си ја спровел самиот на себе. Објавуваме ексклузивни документи за одземениот сертификат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја загуби опкладата и му се соблече гола сред емисија (видео)
-
Георгиевски: Сакаат да ја поделат Македонија на три дела и македонскиот народ да го окарактеризираат како геноциден
-
Водител во емисија во живо „случајно“ нацрта пенис и стана хит на интернет (Видео)
-
Скандал во утринската програма- Јована и Срѓан инсистирале пејачот да ја открие вистината