Сашко Гешовски кој беше првата жртва од Македонија во воените конфликти од распадот на СФРЈ, кои избија во Сплит, Хрватска на 6 мај 1991 година. СЛАВА МУ !!
Убиството на Гешовски остана мистерија а неговите родители не дознаа како згасна животот на нивното чедо.
На 6 мај точно во 11 часот во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски. Сашко утрото на 6 мај бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит.
Почнале протести во кои учествувале повеќе од 30 илјади демонстранти кои прераснале во безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот. Останува непознато како загина Сашко. Според едни кажувања, тој е убиен од хрватскиот муповец Иван Врдољак, а според други, од негов старешина, поручник на ЈНА.
Семејството Гешовски живее заборавено од државата а во градот нема спомен-обележје, улица или институција со името на Сашко, пишува Скај.
– Тоа што не знаеме како загина нашиот син уште повеќе не’ боли“, велат Гешовски, потсетувајќи се на кобниот 6 мај 1991 година. Се’ уште не можат да поверуваат дека Сашко го нема. „Дојдоа многу политичари да изразат сочувство, но сакав да бидам што повеќе време за последен пат до мојот син, вели Цвета- мајката на Сашко.
Во конфликтите кои започнаа во СФРЈ загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.
Видео – емисија КОД со Снежана Лупевска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст