| четврток, 6 декември 2018 |

Во Стразбур најмногу се жалат Србите

Србите, Хрватите и Лихтенштајнците најмногу се жалат во Стразбур

Evropski sudСрбија, Хрватска и Лихтенштајн се трите држави што поднеле најголем број претставки до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во 2012 година, се наведува во годишниот извештај на судот објавен на веб-страницата на институцијата.

Со просек, со 6,77 поднесени жалби на 10.000 луѓе Србија ја предводи листата за минатата година. Следуваат Лихтенштајн со 4,44 и Хрватска со 4,35 жалби на 10.000 жители.

Во првите десет се наоаѓаат и Романија со 3,18, Црна Гора со 2,91, Молдавија со 2,63, Словенија со 2.05 и Бугарија со 1.74 претставки 10 илјади население.

Русија е на прво место според бројот на преостанати жалби со 22,3 проценти, следуваат Турција со 13,2 отсто, Италија со 11,1 процент, Украина со 8,2 отсто и Србија со 7,8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top