| четврток, 6 декември 2018 |

Лејла Каламуjиќ утре на Саемот на книгата

Утре, понеделник (7 мај) од 16 до 18 часот на штандот на издавачката куќа „Готен“ на саемот на книга во Скопје, босанската писателска Лејла Каламујиќ ќе ја потпишува својата книга „Викајте ме Естебан“.

Лејла Каламујиќ во мај ќе оствари резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“.

„Викајте ме Естебан“ е збирка раскази во која низ 19-те раскази го следиме емотивниот пат на хероината од несигурните сеќавања на рано починатата мајка, преку детството со таткото алкохоличар кој никогаш го нема, бабите и дедовците кои полека умираат пред нејзините очи, земјата што се распаѓа, светот што се менува, па сè до откривањето на сексуалноста и грижите што ги донесува егзистенцијата. Мотивот на мајката како да се провлекува низ сите раскази како сеприсутен спиритус мовенс и ненаметливо нè води низ емотивниот живот на хероината, притоа запознавајќи нè со предвоеното, военото и поствоеното Сараево. За оваа книга авторката ја има добиено наградата „Едо Будиша“. Преводот од босански јазик е на Ѓоко Здравески, а книгата е во издание на издавачката куќа „Блесок“.

Лејла Каламујиќ е наградувана авторка од Босна и Херцеговина. Родена е во Сараево во 1980 година. Завршила филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Сараево. Пишува проза, есеи и критики. Централни теми во нејзиното творештво се сексуалноста, лудилото и смртта.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top