| четврток, 6 декември 2018 |

Списоци за градинките во Прилеп: Нема место за оние деца чии родители не се од СДСМ

Списоци правени во локалните штабови на владеачката партија на кои се гледа распоредувањето на „пленот“ од државата, во форма на тендери, вработувања објави локалниот портал „Маркукуле“ од Прилеп.

Она што е скандалозно на списоците е фактот што во една од графите се тргува дури и со места за сместување на дечиња во градинките низ Прилеп, тврдат од порталот.

„Во графата мајка кај дел од дечињата стои: ТЕНДЕРИ, Валентин, УЈП, Миле, затвор, пазари…“. – покажуваат списоците кои биле испратени до радакцијата на локалниот портал.

„При отварањето на градинката во ОOУ “Рампо Левката”, министерката ќе треба да одговори што значат овие шифри и дали нејзините насоки се да се запишуваат само деца за кои ќе ургираат локални политичари? Нели во овие институции немаше политика? Оваа институција благодарение на градоначалникот од почеток ја следат скандали кои деновиве кулминираа??“ – прашуваат од „Маркукуле“.

Граѓаните бараат одговорност од министерката, директорот и градоначалнкиот, велат од порталот, за ваквиот скандал со кој се прави поделба на политички подобни и неподобни деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top