| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани добија уште едно место за разладување- се отвора реновираниот „Воен базен“

Претпладнево со почеток во 11 часот свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот базен Аеродром, познат меѓу скопјани како Воен базен.

По повод отворањето организиран е ватерполо натпревар, натпревар во одбојка на песок и други интересни настани.

На свеченото отворање ќе присуствуваат градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски и директорот на базенот Аеродром, Владимир Латковиќ.

Според најавите, отворената сезона на базенот планирано е да трае до крајот на септември. Базенот ќе работи секој ден, со работно време од 8 часот наутро до 1 часот по полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top