| четврток, 6 декември 2018 |

Петстотини деца трчаа за училишта без насилството

Денеска во скопската населба Аеродром се одржа традиционалниот Детски мини-маратон, кој е предвесник на Скопскиот Виз Ер маатон. Детскиот маратон се одржа по 12. пат. Над петстотини деца од основните училишта во Скопје трчаа за создавање на училишта без насилство.

Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ чиј претставник, Бенџамин Перкс истакна дека со поддршката која им ја даваме на децата да спортуваат, ги учиме кон основните човекови вредности кои ќе ги водат низ животот создавајќи кај нив чувство на тимска игра, самодоверба и пожртвуваност.

Најмалите атлетичари оваа година беа изненадени од светската рекордерка Пола Редклиф, која е промотор на Скопскиот маратон. Сите беа пресреќни што ја имаа можноста да се запознаат со атлетичар од светски ранг која дополнително ги мотивираше да се впуштат во спортувањето и атлетиката.

– Многу ми е драго што на овој прекрасен ден гледам толку многу среќни деца. Уживајте во овој спорт и продолжете да се борите да сте победници во сѐ што правите – им порача Редклиф на најмалите.

Пола Редклиф истакна дека одлучила да настапи на петкилометарската трка на Виз Ер Скопски маратон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top