Поетесата Магдалена Хорват денеска на Саемот на книгата ќе ја потпишува својата нова книга „Осетлива на светлина: избрани песни“.
Издавачката куќа „Темплум“ ја организира средбата со авторката на Саемот на книгата во спортската сала „Борис Трајковски“, каде што Хорват ќе ја потпишува збирката песни од 17 до 20 часот.

Магдалена Хорват (родена во Скопје, 1978) е автор на „Ова е таа, твојата“ (Македонска реч, 2006) и „Синкаво и други песни“ (Македонска реч, 2010), како и на македонските преводи на романот во стихови „Далечината меѓу нас“ од Фиона Сампсон (Магор, 2005), романот „Стакленото ѕвоно“ од Силвија Плат (Три, 2006), збирката поезија „Музика и скорбут“ од Ана Агилар-Амат (Блесок, 2006) и изборот песни од Пат Боран „Телефонска секретарка“ (Блесок, 2007).
Превела и низа збирки од македонски поети на англиски, објавени од Струшките вечери на поезијата. Нејзината поезија е застапена во неколку домашни и светски антологии, од кои најнеодамнешната е „Главни градови“ (Блумсбери, 2016).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


