| четврток, 6 декември 2018 |

50 живи крокодили запленети на аеродром (ФОТО)

Пратка од Малезија со 50 крокодили сместени во пет кутии е запленета неодамна на лондонскиот аеродром Хитроу, соопшти вчера британската погранична полиција што се бори против шверцот на заштитени животински видови, пренесе Би-би-си.

Крокодилите стари една година требало да бидат префрлени во една фарма на истокот на Англија, каде што се одгледуваат заради месото.

Рептилите не биле транспортирани во согласност со прописите, поради што не важи дозволата за нивен увоз во земјата.

По десет крокодили имало во секоја кутија, во која не може да собере повеќе од четири рептили, наведе полицијата.

„Едноставно не е прифатливо животните да се превезуваат на овој начин. Крокодилите почнале меѓусебно да се борат поради недостиг од простор уште во текот на летото“, додаде полицијата и наведе дека крокодилите се пронајдени на 27 април и дека еден од нив угинал, а другите се добро и се згрижени. 50 живи крокодили запленети на аеродром во Лондон (ФОТО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top