| четврток, 6 декември 2018 |

На кејот на Вардар му украле 400 денари и му нанеле расекотина на грбот со нож

Вчера во полиција било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” во Скопје бил донесен 16-годишен малолетник со телесни повреди при извршено разбојништво.

Тој околу 19 часот на кејот на реката Вардар во близина на хотелот „Александар Палас“ билнападнат од пет непознати лица кои заканувајќи му се со нож му одзеле 400 денари, а потоа физички го нападнале и со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top