| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец нападнал полицаец

Полицајци вчера на улицата „Кирил и Методиј” во Штип забележале возило „рено канго” со штипски регистерски таблици на З.Ш. од Штип, кое било пријавено за украдено. Потоа на една од масите во сендвичарата било забележано лицето Б.Х.Ј. (38) од Штип кое претходно го управувало возилото.

Полицајците се обиделе да го легитимираат крадецот, но тој физички ги нападнал. Б.Х.Ј. завршил во полициската станица во Штип, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top