| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот претседател на САД пуштен од болница по 13 дена

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот (93) е пуштен од болницата во Хјустон, каде помина 13 дена лекувајќи се од инфекција, соопшти семејниот портпарол Џим Мекгрет, пренесува АП.

Тој во болница беше примен на 22 април поради инфекција која се проширила во крвотокот и првично беше сместен на одделението за интензивна нега, за потоа да биде преместен во соба за стабилизација на пациентите кога состојбата му се подобрила. Буш постариот е хоспитализиран веднаш по погребот на 92-годишната сопруга Барбара, која почина на 17 април во семејната куќа во Хјустон.

Тие беа во брак цели 73 години.

Џорџ Буш постариот служеше еден мандат од 1989 до 1993 година.

Тој за движење користи инвалидска количка и електричен скутер поради што се развила форма на Паркинсонова болест, а изминатите години неколку пати беше хоспитализиран поради респираторни проблеми, вклучувајќи и воспалување на белите дробови и други инфекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top