| четврток, 6 декември 2018 |

Шестоцифрена бројка… во фунти – Колку ќе чини венчаницата на Меган

Велика Британија се подготвува за кралската венчавка закажана за 19 мај, а сега медиумите откриваат и колку кралското семејство ќе потроши за венчаницата која ќе ја носи избраничката на принцот Хари, актерката Меган Маркл.

Станува збор за износ од кој на многумина ќе им се заврти во главата.

Имено, Меган ќе носи венчаница потпишана од дизајнерите Ralph & Russo, а цената е 100.000 фунти.

-Можеби се чини дека е многу, но ова е венчавка на годината, а фустанот речиси цел ќе биде изработен рачно, вели извор близок со кралското семејство, пишува Дејли Меил.

Венчавката ќе се одржи во црквата „Св.Ѓоргија“ пред 600 гости, а чинот ќе се пренесува во живо.

Откриено е дека парот нема веднаш да замине на меден месец, туку тоа ќе го направи подоцна, во текот на летото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top