Општина Центар, како носител, во заедничка акција со УЈП, МВР, СВР Скопје, Градски паркинг и ЈП ПОЦ, синоќа беа во контрола на 20 угостителски објекти во Дебар Маало, улица Македонија, Пролет и во други делови на територија на општината. За овие локали граѓаните се жалеа дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање на возила на недозволени места.
На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени. Непрописно паркираните возила веднаш беа отстранети од ЈП ПОЦ и Градски паркинг.
Во периодот кој следува, со правосилни решенија ќе се пристапи кон отстранување на дивите и незаконски поставените тераси и зачестени контроли на угостителските објекти, соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


