До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало” меѓу Бугарија и Република Македонија, најави синоќа, за време на парламентарната контрола бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков.
– Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани изјави министерот и изрази надеж дека до крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година да биде отворен нов – четврти, граничен премин со Македонија.
Транспортната врска до контролниот пункт е околу 30 километри, а патот не е поправен повеќе од 30 години. Побарана е изработка на технолошки проект за поправка на првите 16 километри од патот и според првичната оценка, поправката ќе чини околу 10 милиони лева (пет милиони евра)
Поправката на делницата ќе започне оваа година и се очекува да заврши во текот на годината, За останатиот дел од трасата се предвидува делумна реконструкција и нова градба, бидејќи има делница без пат со асфалтна подлога, изјави бугарскиот министер и прецизираше дека е потребен нов технички проект, кој ќе биде ставен во буџетот за 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


