Во годинашново финале на ЛШ, кое ќе се одигра на 26 мај во Киев, Ливерпул ќе има проблем со одличната двојка Сала – Мане. За време на дуелот со Реал Мадрид Садио Мане и Мохамед Сала, двајцата муслимани, ќе бидат во рамазански пост. Големиот муслимански празник Рамазан ќе трае од 15 мај до 1 јуни.
Мане и Сала нема да смеат да јадат и да пијат ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Сала и Мане се големи верници, па така на денот на финалето, а и 11 дена претходно нема да јадат и да пијат ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Проблемот го зголемува тоа што на денот на финалето во Киев сонцето ќе изгрее во 5 часот, а ќе зајде во 20.45, кога почнува натпреварот.
Единствена добра вест за Клоп е тоа дека двајцата во текот на натпреварот ќе можат да пијат вода на полувремето, но и да каснат нешто.
Сала и Мане се во чудесна форма, а Рамазан би можел навистина да влијае на нивната подготвеност.
Во Реал Мадрид муслиман е само Карим Бензема, но тој со години не ги почитува муслиманските обичаи.
Финалето на ЛШ меѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се одигра во сабота на 26 мај од 20.45 на Олимпискиот стадион во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


