| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт – една ѕвезда не оди на Светското во Русија

Напаѓачкката двојка на Јувентус Гонзало Игуаин и Пауло Дибала, сепак, ќе се најде на списокот Аргентинци кои ќе патуваат на Светското првенство во Русија, но напаѓачот на Интер Мауро Икарди, како што стојат работите, ќе остане дома.

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли ги посети Италија тројцата напаѓачи за да им ги објасни своите планови, а по состаноците во Торино и Милано, Игуаин и Дибала имале причина за задоволство, но не и Икарди.

Сампаоли речиси три часа разговарал со напаѓачите на Јувентус и според аргентинскиот печат, им ветил дека ќе бидат на списокот патници за СП. За Дибала селекторот изјавил дека не може да се вклопи во неговите идеи, а Меси порачал дека Дибала и тој не можат да играат заедно, па изненадува што ѕвездата сепак ќе оди во Русија.

Сепак, ситуацијата на Икарди е сосема поинаква. Напаѓачот на Интер ќе биде на поширокиот список кандидати, а на листата од 23 играчи ќе влезе само ако Серхио Агуеро не закрепне навреме.

Икарди е втор стрелец во Серија А сезонава со 27 голови. Повеќе од него има напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле, кој постигнал 29 голови, а Дибала е трет стрелец со 21 гол. Игуаин засега има постигнато само 16 голови.

Икарди досега настапил само четири пати за аргентинската репрзентација.

Аргентина го отвора Светското првенство со натпревар против Исланд на 16 јуни, пет дена подоцна ќе игра со Хрватска, а настапот во грушата Д го завршува на 26 јуни против Нигерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top