Чешките медиуми известуваат дека поранешниот фудбалер на Спарта Прага, 40 годишниот Павел Пергл извршил самоубиство.
Тој бил пронајден мртов во својот стан во Германија.
„Ова се многу тажни вести за нас и сите љубители на фудбалот и спортот. Дојде во Спарта со десет години и во кариерата одигра 68 натпревари за нашиот клуб. Почивај во мир“, стои на службената страница на Спарта Прага.
Пергл е поранешен стопер кој играл во Англија, Германија, Швајцарија, Израел и Кипар.
Павел секогаш бил прав борец, давал се за својот тим, го ризикувал своето здравје за да помогне. Давал и примал тешки удари на теренот, изјави за него неговиот поранешен тренер од времето кога настапувал за Прибрам, Јири Котрба.
/macedonia365.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


