| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу дожд наврна во Маврово, Претор и Лазарополе

Најмногу дожд денеска наврна во Маврово, Претор, Лазарополе и Виница. Попладне најпрвин во југозападните делови имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Подоцна нестабилноста се прошири и во северозападните, како и во североисточните делови од земјата. Дуваше умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час.

Најтопло беше во Гевгелија – 32 степени, а најладно во Лазарополе – 18 и Маврово – 17 степени.

Во вечерните часови во западнте делови се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во југоисточните ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top