Премиерот Зоран Заев нема да сведочи во случајот за обидот за убиство на Зијадин Села. Тој беше предложен од одбраната, но адвокатот на обвинетиот Александар Јаневски Тошта, Бојан Ваневски, се откажа, бидејќи, како што рече, со денешниот редослед на сведочења се нарушил целиот концепт кој го замислила одбраната.
Имено, Заев беше прв на листата предложени сведоци од одбраната, но поради зафатеност тој го известил судот дека нема да може да дојде на денешната расправа.
Во судница за денеска беа повикани вкупно пет сведоци, покрај Заев, покани беа испратени и до неговиот телохранител Александар Трајков, Тони Мандаровски, Антонио Филевски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Меѓутоа, Филевски не се појави, а не дојде ниту Ѓорчев, кој не бил уредно поканет.
Во Кривичен да сведочат дојдоа само Тони Мандаровски и Александар Трајков, па бидејќи не се појавија сите сведоци според предложениот редослед, адвокатот Ваневски реагираше.
– Сметам дека сведоците треба да бидат сослушувани по редоследот по кој се предложени, бидејќи се нарушува концептот зашто исказот на еден сведок треба да се надополнува на исказите на другите сведоци – реагираше адвокатот.
Сепак се пристапи кон испрашување на двајцата сведоците, а одбраната потоа го повлече предлогот Заев да сведочи токму поради концептот кој го имала замислено.
Телохранителот на Заев, Александар Трајков рече дека дел од заканите на 27 април во прес-салата од Собранието биле општи, дел биле директни.
Покрај обезбедувањето на Заев, сведочеше и Тони Мандаровски кој лани на 27 април работел во Шесттата управа во секторот за обезбедубање на ВИП личности. И тој сведочеше по предлог на адвокатот на Тошта.
Мандаровски рече дека на крвавиот четврток бил прва смена, но вечерта бил во Собранието, поточно во прес-салата откако го повикал началникот. Тој кажа дека не забележал оти Тошта се однесувал насилно.
Во вкрстеното испрашување од обвинителот, Мандаровски рече оти не го видел по Села бидејќи кога тој се качил во прес-салата, нападот врз Села веќе бил случен.
На следното рочиште закажано за 17 мај, повикани се неколку сведоци меѓу кои покана на домашна адреса и во Собрание ќе му биде испратена и на денес неуредно повиканиот Влатко Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


