Терасите на кафитериите кои со години постојат и работат во Велес, станаа “трн во око“ за општинските власти. Градоначалникот од СДСМ Аце Коцевски и неговите советници удрија по сопствениците на кафитериите и младите кои таму го минуваат своето време.
Општината донесе одлука да се отстранат терасите кои досега никому не пречеа. Угостителите ќе се соочат со намален профит и работа, а младите велешани ќе останат без локација за поминување на слободното време. Дополнително, Советот веќе донесе одлука за покачување на киријата за користење на јавна површина на кафитериите.
Зголемувањето е за цели 100 %, односно од 5 на 10 по метар квадратен.
СДСМ ветуваше живот за сите, особено за младите во Велес. Овие мерки докажуваат дека партијата на Зоран Заев во чии раце е општинската власт, го прави токму спротивното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


