Умре на денешен ден во 15 часот и 05 минути. На респиратор бил последните 68 дена од животот. Инфузијата му била храна. Докторот Предраг Лалевиќ го тргнал Јосип Броз Тито од апарати.
– Ни на шега не може да се рече дека го убив. Десет минути претходно Тито беше мртов. Јас ги исклучив само апаратит, иако многумина зборуваат различно, вели докторот за српскиот Курир. Тој 16 години му беше доктор на маршалот.
Докторот открива дека Тито одбивал да му се направи ампутација на ногата кога фатил гангрена и дека тоа се случило откако веќе не можел да трпи болки. Го барал својот пиштол за да се убие, а на докторот му рекол дека ако му ја нема ногата нема зошто да живее.
Тоа била и најголемата тајна тогаш за маршалот, што сите го криеле пиштолот зошто сакал да си пресуди.
На Тито му почнале разни компликации, прво со бубрезите, потоа и со други органи.
Последно Тито се обратил на својот батлер, потоа по два часа починал. Се разбудил од кома, се обидел да каже 5-6 зборови, па повторно паднал во кома. Потоа и починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


