Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, ќе стигне во Лондон пред 19 мај за да се запознае со членовите на кралското семејство.
По бројните нагаѓања, Кенсигтонската палата денеска потврди дека свршеницата на принцот Хари, Меган маркл до олтарот ќе ја испрати нејзиниот татко Томас Маркл (73), пренесоа британските медиуми.
Тој ќе стигне во Лондон пред свадбата, но до црквата во Виндзор Меган ќе се довезе со автомобил со мајка и Дориа Раглан, каде ќе ги пречека таткото, а потоа ќе ја испрати до олтарот.
Кенсингтонската палата соопшти дека многу е важно двајцата родители на Меган да присуствуваат на нејзината венчавка.
Објавата следи само еден ден по отвореното писмо на нејзиниот полубрат до принцот Хари во кое му сугерира дека не е доцна да ја откаже венчавката и да сфати дека неговата сестра не е за него.
Во истото исмо Томас, син на Меркел од првиот брак вели дека Меган не го поканила семејството на свадба.
Во соопштението од Кенсингтонската палата стои дека пред големиот ден Томас Маркл и Дориа Рагланд ќе ја запознаат кралицата Елизабета II., принцот Филип, принцот од Велс, војвотката пд Корнвил и војвотката од Кембриџ.
Се очекува на венчавката да се појават и принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а новородениот принц Луис ќе остане дома со дадилките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


