Ако имаше напредок по останатите тешки прашања во процесот на преговори немаше да бидам овде на прес-конференција, туку ќе правев забава. Но, како и да е, планираме да правиме забава и ако успееме, тоа ќе биде најрадосен момент за мене, порача грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со македонскиот министер Никола Димитров во Софија.
Прес-конференцијата Коѕијас ја искористи да ги искритикува грчките медиуми дека не ја објавиле неговата изјава од разговорите во Виена во врска иредентизмот и појасни дека Димитров го прашал за иредентизмот во грчките учебници.
– Зборувавме за учебниците во нашата прекрасна земја сосед кои содржат елементи на иредентизам. Димитров, исто како и мојот албански колега, ме праша дали треба да ги проучуваме и грчките учебници. Го признаваме правото да го направат истото со нашите учебници, не е страшно да ги прочитаат нашите учебници. Но, ние во нивните најдовме десетици страници, а тие кај нас 2-3 проблематични страници. Но, грчките медиуми пренесуваат изјави од политичари дадени во некој провинциски град, а мојата изјава не ја објавија. Колегата Димитров ме праша, јас му одговорив, но грчките медиуми не го објавија одговорот. Тоа е чудно новинарство, рече Коѕијас.
На прашање од грчки новинар дали на средбите со Димитров го покренал прашањето за грчко малцинство во „Скопје“, како што ја нарече земјава и за заштита на човековите права, Коѕијас одговори: „Кај нашиот сосед има само 400 сопственици на грчки пасоши, па треба да се користи терминот дијаспора, бидејќи тие имаат грчка свест, но не се малцинство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст