| четврток, 6 декември 2018 |

„Фотософија“ го отвори тринаесеттиот „лов“ на фототаленти

Отворен е конкурс за семинаристи од тринаесеттата последователна „Фотософија“, бесплатен седумдневен семинар за напредна фотографија, која предводена од Дамир Хојка се оддржува во Терме Тухељ, Хрватска од 10 до 17 јуни. И оваа година петнаесет избрани семинаристи на предавања и тематски фото сесии ке дознаат како да се сними добар портрет, модна, рекламна и уметничка фотографија.

– Кога пред тринаесет години тргнав со овој семинар, си ја зададов следнава мисија : да пројандам талентирани фотографи и да им дадам можност да го унапредат своето знаење и креативност, да стекнат работно искуство со клиентите и медиумите, а со нивната работа да се запознае струката и јавноста – вели Хојка.

Искуството вели дека со тек на годините неколку семинаристи успеале да се запишат студии на фотографија или директно да ја персонализираат својата работа, што е знак дека мисиијата оди во добра насока.

– Да му се овозможи некому да го промени својот живот и да се занимава со тоа што искрено го радува, непроценливо е чувство – додава Хојка.

Оваа година продолжува успешната соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Хрватска. Оваа година на Фотософиа ни го носат светски познатиот шпански фотограф и режисер Еугениј Реkуенko кој на нашата публика ќе и биде познат како автор на видео спорот на групата Рамштајн „Mein Hery brennt“, календарот на Лаваца како и автор на низа модни фотографии за престижните магазини како Vogue i CG, како и фотографии и видео спотови за Nina Ricci, Pernod Ricard, Bvlgary, Playstation, Gloria Vanderbilt, Freixenet… Реkуенko најави дека предавање ќе одржи на 15ти јуни, а покрај рекламните дела , ќе гопредстави и Проектот 365 на кој работи цели седум години. Влезот на предавањето е слободен.

Низ темата на „Селебрити портрет” семинаристите ќе фотографираат познати личности. Во последниве години фотографите на Хојка снимија многу ѕвезди од Хрватска и регионот, како што се Давор Гобац, Рене Биторајац, Дорис Пинчиќ, Миле Кекин, Ведран Мликота, Бруно Шимлеша, Срѓан Гојковиќ Гиле, Зоран Предин, Барбара Колар…, со што фотографиите се објавени во водечките медиуми, исто како и фотографиите направени за време на снимањето на темата „Мода“.

Конкурсот е отворен до 16 мај 2018 година, а како да се аплицира, може да се провери на страницата www.fotosofia.info каде што ќе бидат објавувани и вести за термините на настаните кои се отворени за публиката.

На истата веб страница е објавен и конкурсот „Фотософиа 13 ФОТОмодела” за фото модели, мејк-ап артисти, фризери и стилисти – соработници на снимањето на модните фотографии на „Фотософиа 13“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top