Ако Памплона ја има познатата трка со бикови, тогаш село Стојаково ја има долгогодишната трка со магариња. И, ако на првата трка луѓето бегаат пред разулавените бикови, на оваа втората, стојачани се натпреваруваат качени на грбот на питомите магариња, што побргу да стигнат до целта, пишува Вечерпрес.
Борејќи се со другите противници, но и со познатата тврдоглавост на магарето, прославата на 1-ви мај во богданското населено место Стојаково шеесетина години по ред е интересна не само поради скарата во природа, туку и поради традиционалната трка со магариња, а последните години и поради атрактивната трка со коњи.
Така беше и оваа година, кога на сретсело, пред многубројните гости, освен овие интересни трки, Месната заедница во Стојаково во рамките на спортската програма организираше и трки на 100 метри за јуниори и сениори, на 100 метри за девојки, 3.000 метри за сениори, трка со велосипеди, натпревар во влечење јаже и трка со вреќи.
Во трката со магариња најуспешен беше јавачот Виктор Камилов, а во трката со коњи првото место го освои Христијан Камилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст