| четврток, 6 декември 2018 |

Молери измамиле старец од Скопје: Му земале 5 500 денари капар, но не дошле да молерисаат

Вчера околу 19.05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Н.С. (66) пријавил дека на 21.04.2018 година во 20.00 часот бил измамен од 33 годишно лице од Скопје.

Пријавениот на интернет пребарувајќи лица кои може да го бојадисаат неговиот дом, го исконтактирал пријавениот кој дошол заедно со уште две непознати лица и истите се договориле за сума од 11.000 денари да го бојадисаат неговиот дом.

Потоа лицето побарало капар од 5.500 денари, но до моментот на пријавување на настанот лицата воопшто не започнале со работа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top