Изданието „Мал водич низ македонскиот знаковен јазик“ беше претставено денеска (4 мај) на штандот на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата, што се одржува во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. На настанот беше остварена средба со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија. Станува збор за прво воведно претставување на дел од македонскиот знаковен јазик со интересен креативен пристап, наменет за сите генерации.
– Во името на сите глуви лица и корисници на македонскиот знаковен јазик неизмерно сме благодарни на ’Арс Ламина – публикации‘ за оваа несебична поддршка и солидарност во нашите настојувања да го приближиме знаковниот јазик до секој поединец кој има интерес да го открие и да го учи нашиот јазик. Ова е само мал чекор во идната соработка со ’Арс Ламина‘ и во иднина сѐ повеќе ќе ја откриваме ризницата на македонскиот знаковен јазик. Воедно сме благодарни и за иницијативата на I Vote foundation за идејата да стане реалност и поддршката од МТСП. Оценката за квалитетот на направеното им ја оставаме на широката јавност, со огромна благодарност за покажаниот интерес – изјави Васко Марков, претседател на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија.
Тимската работа на уредникот и на групата приредувачи, посебно истакната преку креативноста на младите Лазар Ѓиков и Христина Божиновска, овозможи на илустративен начин да им ја доближи на широката јавност дел од секојдневната комуникација на глувите лица во Македонија. Водичот отвора прозорец кон светот на знаците за буквите, броевите, боите, природата и околината, како и дел од секојдневните изрази на нашите сограѓани со оштетен слух во Македонија.
„Арс Ламина – публикации“ ќе се погрижи Водичот да стигне во рацете на учениците со оштетен слух во ЗРДОС „Кочо Рацин“ во Битола, ДУЦОР „Партенија Зографски“ во Скопје и посебната паралелка при ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и во 18 општински здруженија на глуви лица ширум Македонија.
Денеска на штандот на „Литература.мк“ со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски. Книгата ќе ја промовира Мојсо Мојсовски, новинар и долгогодишен уредник на Дневникот во Македонското радио. Еден час подоцна, шефот Давор Панчевски, познат по проектот „Dave’s Kitchen“, ќе потпишува примероци од својот добропознат готвач „Гответе насмеани“.
На 30. јубилејно издание на Саемот на книгата, што се одржува од 3 до 9 мај, книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ учествува со многу нови книги, специјални гости, попусти до 70%, како и многу изненадувања. На штандот можат да се најдат огромен број наслови од белетристиката, книжевноста за деца, како и стручната литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст