| четврток, 6 декември 2018 |

Седумдесет и пет годишна скопјанка тешко се повредила при симнување од автобус на ЈСП

Вчера околу во 16.00 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице Р.В. (75) од Скопје, повредена како патник при симнување од автобус на ЈСП и дека истата со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истата била задржана на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top