| четврток, 6 декември 2018 |

Кој e следниот „независен и професионален“ новинар кој ќе биде згрижен од Заев!?

СДСМ кој толку беше гласен за медиумите и нивната слобода со доаѓање на власт некако чудно ја започна реформата во оваа област.

Медиумите имаат ИЗБОР „или ќе се пишува за ВМРО-ДПМНЕ и ќе се заборави дека СДСМ е на власт цела година, или репресија”.

Или реформата во оваа област стартуваше со згрижување на заслужните “независни” новинари. Јасминка Аневска во ЕЛЕМ, Соња Крамарска и  Лидија Христова во министерството за одбрана, Тони Ангеловски во МВР, Зоран Бојаровски во влада, Марина Узунов во кабинетот на Кочо Анѓушев… Ова е само делод низата згрижени од СДСМ. Тоа е сигнал дека и другите кои ќе бидат “професионални и непристрасни” ќе бидат згрижени.

СДСМ е на власт речиси една година. Во оваа орва година од владеењето на СДСМ се случи вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев да врши брутални закани врз новинар само затоа што поставил прашање. Друг новинар е дисциплиниран во Министерството за надворешни работи само затоа што се обидел да постави прашање кое не му се допаднало на министерот.

На почетокот на годинава во февруари следеше и пресуда против медиум за напишан текст. Во февруари имаше судска пресуда со која се казнува неделникот „Република“ со парична казна, а директорот и сопственикот со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште. Медиумот е казнет за текст за кој прво е одредена глоба од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци, за потоа, истиот случај да добие и судската пресуда со парична казна, а Доне Доневски, директор и сопственик доби условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште. Интересно е што посочените лица, во текстот, поради кој следеше казната, со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ не ја негираа содржината на текстот, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднесоа тужба за клевета или навреда. Туку, проблематично било што посочувањата во текстот се поврзани со име и презиме на личности, кои всушност имаат јавни функции.

Политички преседан за вршење на притисок врз медиум

ДЕН НА МЕДИУМИ ИЛИ…

Во ЕУ Инфоцентарот по повод Денот на слободата на медиумите беа собрани новинари кои требаше да им поставуваат прашања на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и министерот Роберт Поповски, како и на претставници на делегацијата на ЕУ и на амбасадата на САД.

Новинарот на телевизија 24, Един Хајдарпашиќ, се спротистави на начинот на кој беше планирано да се одбележи денот.

Тој револтирано ги запраша министерот Поповски и претседателот на ЗНМ, Селмани, дали ги сметаат новинарите за глупави, па сега тука ќе зборуваат за подобрување во медиумската сфера, а реално новинарите се исплашени, имаат мали плати или воопшто не земаат. Новинарите се исплашени, не земаат плата, или земаат 300 евра плата, а вие ќе ми зборувате за слобода на печат, рече Хајдарпашиќ.
Што направи ти за толку години на чело на ЗНМ, го праша тој Селмани. Вие сте лицемерни, им се обрати Хајдарпашиќ.

Хајдарпашиќ до Поповски: Дали ги сметате новинарите за глупави?! За каква слобода вие зборувате?! (видео)

НЕРАСЧИСТЕНИ СЛУЧАИ

Во контекст на прашањето на слободата на медиумите и слободата на изразувањето откако дојде СДСМ на власт ги заборави инцидентите или нападите врз новинари, притисоци врз медиуми, ниту еден не е расчистен. А ги има десетттина, ако не и повеќе.

Имаше низа на закани кон новинарите на информативниот портал Курир, имаше плукање кон новинар на телевизија Нова, напади на екипа на МРТ за време на изборите, пред телевизија Сител имаше протести, беа уништени просториите на Радио слободна Македонија, исто и на Република за време на протестите на претставници на Шарената револуција, на пресови на СДСМ претставници на медиуми беа исвиркувани….

Актуелниот советник на градоначалникот Петре Шилегов, Никола Наумовски се закануваше на новинарот Љупчо Златев, премиерот Зоран Заев како лидер на опозицијата напочетокот на 2015 година на прес конференција изјави дека медиумите ни се најголеми непријатели…

Ова се дел од нападите и притисоците кои се вршени врз новинари, а за кои на СДСМ како да не им се слуша, а уште помалку откао се на власт да ги расчистат истите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top