| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица вчера пријавени за исчезнати

Во текот на вчерашниот ден, во полицијата три лица биле пријавени за исчезнати. Во 08.00 часот во полциското одделение Осломеј, вчера Р.Р. (59) пријавил дека на 02.05.2018 година во 06.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот роднина Ф.И. (26). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром Е.И.Т. (36) пријавила дека истиот ден околу 13.45 часот од домот во непознат правец во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг И.Т. (38). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Околу 11 часот пак, Б.Ц. (46) во Полициската станица Центар пријавил дека на 02.05.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот син Т.Ц. (29). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top