| четврток, 6 декември 2018 |

Разрешената класна од неготинската гимназијa: Неоправдано ми го одзедоа класот!

Неправедно ми го одзедоа класот, вели разрешената класна раководителка од неготинската гимназија, Јагода Јосифова, професор по хемија. Тврди дека решението за разрешување потпишано од директорката која си поднесе оставка по спорната екскузрија, го добила преку хигиеничарка во училиштето. Јосифова била раководител на екскурзијата, а инаку е претседател на синдикалната организација во гимназијата.

– Во целата оваа ситуација, просто помислувам дека некои работи можеби биле изрежирани за да завршат вака. Се прашувам можно ли е некој ова смислено да ми го прави бидејќи бев помошник директор за време на претходното раководство во гимназијата. Со години работам тука и сум водела ученици на екскурзија, ова ми се нема случено. Не бев класна на двајцата ученици кои беа оставени во Италија затоа што доцнеа 45 минути. Можам само да кажам дека и нивната класна раководителка е разрешена. Но ова не е праведно, бидејќи, дури и ако сносиме вина, ние не сме најголемите, а уште помалку единствените виновници во целиот овој случај – нагласува Јосифова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top