| четврток, 6 декември 2018 |

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Со кое лице ја изгласаа скандалозната одлука за поскапување на цената на водата, а сега граѓаните ги оставаат без вода подолго од 24 часа?

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид испрати соопштение во кое вели дека СДСМ и градоначалникот Стојаноски се однесуваат безобразно, неодговорнио и лицемерно оставајќи ги го Охрид без вода подолго од 24 часа. Според нив причина за тоа е лошото менаџирање на ЈП ,,Проаква”, градот предолго парализиран а охриѓани и туристите вратени во 19 век.

Недозволиво е, велат тие, во 21 век да немаме непрекинато и квалитетно снабдување со вода за пиење. Нехумано е на граѓаните и туристите во Охрид да биде им биде ускратено правото на вода како основна животна потреба подолго од 24 часа.

-Вчера охриѓани го доживеаја најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Ваквото однесување на Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски не само што е безобразно и неодговорно, истовремено е и лицемерно. Со кое лице ја изгласаа скандалозната одлука за поскапување на цената на водата а сега граѓаните ги оставаат без вода подолго од 24 часа?, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ жали што граѓаните и туристите на Охрид ги чувствуваат последиците од неодговорниот однос на ЈП „Проаква“- Водовод Охрид кон нив.

-Каде е да се огласи директорот? Зошто Градоначалникот молчи кога градот му е во целосен колапс? Ова ли е животот што го ветуваа за охриѓани?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ пишува дека се покажало тоа што партиските вработувања се приоритет во ЈП „Проаква“ – Водовод Охрид со што енормно се зголемуваат трошоците за плати, наместо да се инвестира во механизација и технички кадар, што е спротивно од предизборните заложби на СДСМ кои ветувале препород на јавните претпријатија а сега сме биле сведоци дека се случува спротивното.

Охриѓани заслужуваат подобро. Никој не смее да си поигрува со здравјето и животот на граѓаните. Одговорните лица треба да преземат одговорност и да поднесат оставки или да бидат итно разрешени“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top