| четврток, 6 декември 2018 |

Животната приказна на Буда, омилената готвачка на Тито: Мајка ми ме прати во кујната за да се омажам, во неа останав цел живот

Готвачката Будимирка Буда Младеновиќ наскоро ќе полни 90 години, но и понатаму продолжува да работи и да подготвува специјалитети на кујната кои ги воодушевуваат гостите. Таа целиот свој живот работи во мотел кај манастирот Сопочани кај нови Пазар, а вели дека кога била млада, нејзината мајка ја приморала да почне да работи таму бидејќи биле многу сиромашни.

– Не сакав да ја работам оваа работа, бев сиромашна, чував овци, а мајка ми ме натера да дојдам во мотел. Ми велеше дека тоа е единствен начин да заработам и да си купам облека, за да се омажам. Се согласив, а во првите месеци постојано плачев, тоа беше голем шок за мене, се потсетува Буда на 1954. година.

Низ годините, во мотелот доаѓале голем број амбасадори, директори, но гостин бил и Јосип Броз Тито кому храната на Буда многу му се допаднала, па таа му станала една од омилените готвачки.

– Кога заминуваше, тој се поздравуваше со мене. Беше многу пријатен, задоволен со услугата, па дури се сликав со него. Беше тоа големо случување за мене, кажала Буда за српските медиуми.

Освен Тито, нејзината кујна дошле да ја пробаат уште многу гости од Австралија, Јапонија, Германија, Канада, Мексико… Сакале да ја ангажираат и сопствениците на најдобриот хотел во Југославија, но подоцна и една југословенска делегација и понудила работа во Њујорк.

– И нив ги одбив. Сега ми е криво, но тогаш бев исплашена. Не знаев јазик, бев срамежлива, а светот беше опасен, раскажала Буда.

Додава дека и е жал за пропуштените прилики, но и дека не и криво што останала на своето работно место цел живот, бидејќи работата со тек на време многу ја засакала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top