| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското знаме се развеа покрај трофејот од Купот на Иран

Македонското знаме се развиоре покрај трофејот од Купот на Иран. Поранешниот играч за врска на Турново и на Работнички, Бојан Најденов беше дел од Естегал во победата над Конех бе Конех со 1:0 во куп-финалето одиграно на стадионот во Хоремшехр. Тимот од Техеран го постигна единствениот гол во 35 минута доволен за рекордниот седми трофеј во ова натпреварување.

Тренер на оваа екипа е легендарниот германски стручњак Вини Шефер.

Видеото погледнете го на Спортмедиа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top