| четврток, 6 декември 2018 |

Ја раскасапи девојката до смрт, за да проба сцена од видео игра

15-годишно момче со 12 убоди со нож брутално уби 21-годишна девојка додека вадела пари од банкомат.

Алексеј ја следел Дарја до банкоматот во центарот на Москва, а потоа и задал 12 убоди со нож во вратот, лицето, главата…

Момчето на Дарја притрчалo на помош, но од страшната глетка веднаш се онесвестил.

Алексеј сакал да го проба во живо убивањето како во неговата омилена видео игра. Полицијата го нашла кај него дома како веднаш по страшното убиство си игра на компјутер и убива виртуелни ликови.

Неговите родители, шокирани велат дека детето немало никаво криминално досие. При апсењето 15-годишникот рекол дека сакал да види како изгледа да се убива во живо и дека некој глас од внатре му кажувал што да направи.

Алексеј со денови ја играл популарната видео игра PUBG – PlayerUnknown’s Battlegrounds, во која играчот почнува да се бори без ништо и да убива за понатаму да се здобива со оружје за да ги убива виртуелните ликови.

Полицијата уште утврдила дека Алексеј на девојката и одзел и 30.000 рубљи кои ги вадела од банкоматот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top