| четврток, 6 декември 2018 |

Кејтлин Џенер повторно ја шокира јавноста – се венчава со 47 години помлада девојка!

68-годишната Кејтлин Џенер (претходно позната како Брус Џенер, пред да си го промени полот и да стане жена), според странските медиуми, се свршила со нејзината девојка, 21-годишниот трансродов модел Софија Хачинс. Иако својот однос долго време го опишувале како „дружење на мајка и ќерка“, станува збор за нешто многу повеќе.

Близок извор на Кејтлин открил дека Кејт навистина може да се замисли со Софија до крајот на животот. Тој додал и дека во последно време Кејтлин е целосно разочарана од општеството, па Софија е единствената личност на која може да смета.

„Се надеваше дека повторно ќе се зближи со децата, посебно со Ким и Клои кои се породија неодамна. За жал, таа ги нема запознаено своите новородени внуци, а не поминува многу време ниту со Сторми“, додал тој.

Ако Кејтлин се ожени со Софија, ова ќе ѝ биде четврти брак. Освен со нејзината најпозната поранешна сопруга Крис Џенер, Кејтлин беше во брак со Кристи Кровновер во 1972 година и со Линда Томпсон во 1981 година. Кејтлин инаку важи за најпознатата трансродова жена во светот, која отворено проговорила за својата трансформација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top