| четврток, 6 декември 2018 |

Харадинај: Немам информации дека имало разговори за поделба

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај пред пратениците во косовското Собрание изјави дека нема информации оти шефот на државата, Хашим Тачи, со неговиот српски претседател Александар Вучиќ, наводно разговарале за поделба на територијата на Косово. Според Харадинај, таквата идеја би значело враќање на војните во поранешна Југославија.

„Јас немам информации дека имало разговори за поделба. Поделбата ми беше спомената и мене и на другите од страна на тие што одлучуваат. Но, тоа најмногу како идеја потекнува од Србија, така ни беше речено. Ни велат што мислите за ова? Моите ставови се јасни, тоа е враќање на трагедијата, враќање во времето на трагедиите и војните од поранешна Југославија. Овој став го немам променето и мислам дека е најреалниот став кој ја опишува сегашната состојба“, изјави Рамуш Харадинај, премиер на Косово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top