Вицепремиерот Анѓушев не добил казна оти се закануваше на новинар, туку само укажување дека погрешил, одговори денеска на прашање на Алфа министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Наместо одговорност од Анѓушев тој побара новинарите да му простат и да имаат разбирање, оти секој во животот грешел барем еднаш. Но Анѓушев згреши два пати за само една недела. Еднаш со велешкиот новинар Тевчев кому му се заканил а претходно и се заканувал и на директорката на „Транспаренси интернешнл“.
А не се заканува само Анѓушев. Претходно закана дека нема да добие интервју доби друг новинар од вработен во министерството за надворешни работи. И тој се уште ја врши својата функција. Зошто додека владата зборува за слободни медиуми и почит кон новинарите, нејзини извршители грубо се закануваат? Поповски одговорот го почна релативизирајќи: сетете се како беше 11 години, а како е сега, ни рече. Повторно без одговор зошто нема казна ни во овој случај.
На светскиот ден на слободата на медиумите, Македонија е светла точка во регионот ама само за Поповски, оти реално на терен новинарите добиваат деградирачки третман, а претседателот на ЗНМ дури го чува полиција за да не биде повреден токму од функционер во партијата на власт. Поповски им честиташе на медиуми, апелирајќи да се зголемат платите на новинарите. А што конкретно ќе се преземе за подобрување на стандардите, за сега изгледа само ќе уживаме во владините пораки дека животот се врати и за нас. А дека тие немаат допирни точки со реалноста пред два дена порача и претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Тамара Чаушидис.
Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст