| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби мажот кој сакал да ја силува Сандра Булок

Мажот со години ја прогонувал Сандра Булок, се додека во 2014 упаднал во нејзината куќа со намера да ја силува. Џошуа Корбет бил осуден условно на пет години затвор, а судијата му одредил и мерка да се лекува во ментална установа.

Таквата пресуда била донесена, бидејќи тој сакал да ја силува актерката, која се скрила во плакар и од таму повикала полиција.

Полицијата на Лос Анџелес објави дека телото на Џошуа Корбет пред неколку дена било најдено во куќа во Ла Кресента. Тие сакале да му достават судски налог, бидејќи ја прекршил условната казна, но тој не ги пуштал внатре.

По пет часа преговори со напаѓачот, полицајците успеале да влезат во куќата, каде Корбет веќе бил мртов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top