По давањето изјави по повод тужбата што Наташа Беквалац ја поднесе против Лука Лазукиќ заради насилство во семејството, (Лазукиќ изјави дека е невин и дека не ја претепал), следува истрага, а правниот тим на Лука ќе се обиде да докаже дали пејачката била под влијание на опијати во време на немилиот настан.
Изворот близок на српскиот портал „Србија данас“ открива дека е клучно Наташа да оди на анализа на крвта, урина и на влакна од косата.
„Клучна е токму анализата на влакно од коса, бидејќи во случај Наташа да била под дејство на опијати, во влакната се задржуваат до 90 дена, а во крвта и во урината само 4 или 5 дена“, објаснува изворот кој е упатен во целата приказна.
Инаку, на пејачката и’ била направена анализа на крвта кога била во Ургентен центар по инцидентот во ноќта меѓу 13 и 14 април, кога, како што тврди, ја претепал сопругот.
Тогаш не и’ беа направени комплетни прегледи и се’ беше завршено брзо, за 20-тина минути, а за токсиколошките анализи се потребни неколку часа. Притоа, Наташа не даде крв што требаше да се испрати на оксикологија на ВМА. Тоа е стандардна процедура при пријава за насилство во семејството“, вели изворот.
Поради сомневање во резултатите на крвта на Наташа Беквалац, адвокатите ќе бараат повторно да се направи анализа и тоа на ВМА.
„Ако се открие дека земала опијати, тоа би можело да фрли поинакво светло врз целиот случај и врз спорната ноќ кога дошло до инцидентот меѓу неа и Лазукиќ“, тврди изворот на „Србија данас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст