Грчкиот професор и аналичар Јанис Армаколас не е оптимист дека до самитот на НАТО ќе се најде решение за името. Не се работи само за името туку за цел спектар на прашања, кој расте и се надополнува последниве 25 години, вели Армаколас. Дополнителен проблем е моментот во кој се одвива преговарачкиот процес бидејки македонската е на почетокот на мандатот, а грчката е во заминување, вели аналитичарот. Негова проценка е дека во грчкиот парламент нема мнозинство кое би гласало за евентуалниот догвор за името .
Грците имаа голем емотивен отпор кон решавање на спорот, бидејки веруваат дека Скопје сака да преземе од нивната античка историја, а некој треба да ги разубеди во тоа истакна аналитичарот.
Соговорниците на денешната дебата насловена „Каде е јазот: Името ли е или непознавањето едни со други? Се согласија дека не е се во рацете на политичките елити, туку би требало повеке да се работи на освестување на граѓаните во двете земји за да се надмине спорот.
Извор: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст