Добиената безусловна препорака за почеток на преговорите за членство носи и многу работа, смета францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние. Тој на презентацијата за реализираните активности од планот 3-6-9, забележа дека во последниот дел има забавување на предвидените планови.
Од делегацијата на Европската унија во земјава велат дека сега владата има задача успешно да ги спроведе законите од планот 3-6-9. Нивната примена во пракса ќе влијае врз одлуките кои треба да ги донесат земјите членки на унијата.
Од Институтот за демократија Социетас Цивилис кој го следи имплементирањето на планот за приближување до Европската унија утврдиле дека тој е реализиран над 60 проценти. Според Вицеприемерот Бујар Османи, спроведени се над 90 отсто од целите.
Во анализата на Институтот се наведува дека постои политички конзенсус за евроинтеграциите но тој се реализира зад затворени врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст