| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот со корнишонот остана, срамот порасна: Што прави Дарко Каевски на семафор (ФОТО)

Директорот остана, срамот порасна. Дарко Кевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, која се најде на насловните страници по објавувањето на скандалозната збирка поезија, не ја научил лекцијата дека неговата работа е јавна, а платата државна. За парите што му ги даваат граѓаните гледаат под лупа. Иако неговово се гледа од авион.

Уредничко деби на директорот на АМС, Каевски: Која е таа што „го примила корнишонот на премиерот“?

И така, додека премиерот му простува народот ниту простува ниту заборава.

Заев по средбата со Каевски: Не сум човек кој веднаш разрешува луѓе

На Ѕидот на сообраќајниот срам граѓанин кој изделува од својот џеб за платата на Каевски објави невкусна, но нужна фотографија на која истиов директор кому Заев му прости стиска мозолчиња и прави неколку сообраќајни прекршоци во исто време.

Сега, откако јавноста го познава по корнишоните, треба повеќе да внимава или да го замоли Заев да го смени. Нека размисли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top