| четврток, 6 декември 2018 |

Штип: Му се заканувал на шурата дека ќе го убие, па ја претепал тештата со шипка

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Б.Ш. (41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На први мај околу 23,00 часот пријавениот најпрвин телефонски упатил сериозни закани по животот на Ј.Д. брат на неговата сопруга, а потоа на улицата “Васил Доганџиски“ во Штип ја пресретнал С.Д. мајка на неговата сопруга при што со метална шипка и остар предмет со неколку удари и убоди по телото и главата и нанел повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top