Во Кинотеката на Македонија од 4 до 9 мај ќе се одржи Неделата на полскиот филм, на која ќе бидат прикажани шест полски филма, а во исто време ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови.
Првиот филм што ќе биде прикажан е „Ноќен воз“, во режија на Јежи Кавалерович. На 5 мај следува филмот „Ракописот од Сарагоса“, режиран од Војчек Хас. На 6 мај ќе биде прикажан „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, понеделник, 7 мај, е резервиран за Роман Полански и неговиот филм „Нож во вода“, кој премиерно е прикажан во 1962 година.
Последните два дена од Неделата на полскиот филм се посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски, при што во вторник ќе може да го гледате „Краток филм за љубовта“, а следниот ден ќе биде прикажан „Краток филм за убивањето“. И двата филма се реализирани во 1988 година.
Во освртот кон овие режисерски имиња и нивните дела филмскиот критичар и новинар Стојан Синадинов запишува:
„Изборот на овие пет автори од втората половина на минатиот век сигурно може да се надгради и со нивните други дела, како и со други автори. Но, тоа е како да правите избор на играчи за репрезентацијата на светот во фудбал: никој нема да биде задоволен ако тоа не е токму негов избор, но да не се лажеме, сите ќе уживаат да ја гледаат таа репрезентација. Какви играчи беа Анджеј Вајда, Јежи Кавалерович, Војчек Хас, Роман Полански и Кшиштоф Кешловски? Секој посебен, сите заедно творци на колективниот ракопис на една ера, која, како што гледаме денес, нема пандан во европската и светската кинематографија. Иако снимаа филмови во ригиден идеолошки систем, успеваа да создадат посебна естетика, надвор од кампусот на важечкиот државен соцреалистички курс. Но, nota bene и поинаков од т.н. емигрантска култура, чии протагонисти беа личности што пребегнале на Запад“.
Програмата се реализира во соработка со полската амбасада во Скопје. Билетите за проекциите се бесплатни. Сите проекции започнуваат во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст