– За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата. Може да се склучи меѓународен договор што ќе го содржи сето ова? Може и постојат правници што веруваат во тоа. Но, искуството покажува дека ако се смени оваа влада, следната ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, со прифаќање на меѓународно име што не е предвидено и не е дозволено од Уставот. Односно и за нивна заштита, како што им имам објаснето, потребна е промена на Уставот, како што јави дописничката на МИА, изјавил меѓу другото грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервјуто за емисијата „Историес” на грчката телевизија Скај.
За текот на македонско-грчките разговори за решавање на спорот, што нашиот јужен сосед го има со нашето име и уште повеќе македонски идентитет, и досега бевме информирани главно од грчките медиуми. Но, овојпат грчкиот министер за надворешни работи отиде чекор понатаму. Во обидот да се оправда инсистирањето за прифаќање на „новото име„ на Република Македонија за севкупна употреба, тој ја покажа и својата човечка „великодушност”. Значи, тргнувајќи од некакви наводни досегашни искуства, тој знае дека некоја идна влада, поради кршење на нашиот Устав, ќе го стави актуелниот премиер Зоран Заев во затвор! Навистина, кои се тие досегашни искуства? Во изминатите речиси три децении самостојност, Република Македонија имаше дузина премиери и, барем досега, ниту еден од нив не бил затворен, посебно не заради спорот со Грција. Е, за да се превенира евентуалното апсење на Заев, според Коѕијас, кој, само патем речено, знае што следува за кршење на устав во секоја нормална држава, особено од страна на нејзин премиер, потребен е некаков меѓународен договор. Со други зборови, потпишувањето меѓународен договор, што ќе ја гарантира употребата на „новото име„ на Република Македонија за севкупна употреба, не е заради инсистирањето на Грција, туку поради заштитата од апсење на актуелниот премиер Зоран Заев!
Премиерот Заев може да го потпише тој меѓународен договор, со него може да се спаси од затвор, ама не може само едно-да ги избрише своите постапки од црните страници на македонската историја.
Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената“, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај.
Коѕијас смета дека преговорите одеа и одат добро, но треба и веќе е прашање на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес, а тоа е смела одлука“ и објаснува дека е погрешна перцепцијата, ерга омнес да биде само за надворешна употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст