| четврток, 6 декември 2018 |

По вчерашниот автогол, Милнер се пошегува на своја сметка: Како да го тргнам логото на ЛШ од моето лице?

Ветеранот на Ливерпул, Џејмс Милнер во синоќашнот натпревар против Рома во првото полувреме се најде во погрешно време на погрешно место и постигна еден од најсмешните автоголови сезонава.

И покрај тоа, неговиот тим успеа да обезбеди финале во Лигата на Шампионите, па автоголот не го расипа неговото расположение, а тој тоа го покажа со една шега на своја сметка.

– Има ли некој совет за тоа како да го тргнам лого на Лигата на Шампионите од лицето, праша Милнер на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top