Поради постоење основи на сомнение дека сториле 21 казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Р. (26), Е.А. (20), Н.Д. (32), Е.Н.(19), А.С.(28) како и против две малолетни лица, сите од Кичево.
Пријавените, една тешка кражба сториле кон крајот на септември минатата година додека останатите 20, во периодот од јануари до април оваа година. Тие користеле подесен алат и прибор за разбивање на влезни врати и прозори како и физичка сила.
На тој начин, пријавените влегле во фризерски салон, спортска сала, пекара, повеќе бутици, продавница за авто делови, берберници, повеќе сендвичари, како и во неколку куќи во Кичево, и во продавници во селото Другово. Притоа, одземале пари, златен накит, техничка стока, колонијални и прехрамбени производи.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 176.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст