Издавачката куќа „Готен“ за овогодинешниот саем на книга во Скопје, во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, објави четири нови наслови: романот „Здивот врз мермерот“ од литванската писателка Лаура Синтија Черниаускаите, збирката раскази „Стакларница“ од Даниел Одија, збирката раскази „Кога заврши војната“ од германскиот писател Арно Сурмински и збирката раскази „Утехата за Адамовото дрво“ од латвиската писателка Инга Жолуде.
„Здивот врз мермерот“ е романот на литванската писателка Лаура Синтија Черниаускаите, за кој во 2009 година таа ја доби Наградата на Европската Унија за литература. Станува збор за умешно раскажана драма за болната осаменост, семејството и релациите меѓу жените и мажите. Романот ја раскажува приказната за една млада мајка и нејзиното семејство, кое посвојува шестгодишно момче неспособно да се вклопи во новото семејство и го убива својот посвоен брат. Преводот на книгата е на Анета Симовска.

Даниел Одија (1974) е еден од најнаградуваните полски писатели од поновата генерација. Во „Стаклраница“, Одија главно пишува за проблемите на младите луѓе од општествените маргини додека се борат со недостиг на работта и животни перспективи. Со користење специфичен јазик, сленг, необични идиоми, авторот создава галерија ликови кои често се изгубени, исклучени од пософистицираните општествени текови, приудени да се борат за својата основна егзистенција. За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана. Преводот на книгата е на Филип Димевски.
Книгата „Кога заврши војната“ на современиот германски писател Арно Сурмински (1934) е составена од 29 раскази во кои авторот ги опишува последниците од Втората светска војна и искуството на ужасот од поствоениот период. Потпишувањето на капитулацијата во 1945 година, за милиони луѓе не значи и завршување на војната. Таа на еден начин продолжува да трае во луѓето кои мора да се соочуваат со нејзините последици. Надворешните борби се престанати, но внатрешните конфликти и чувството на мачнина кај огромен број поединци продолжуваат. Авторот го истражува внатрешниот пејзаж на тие луѓе фатени во оваа егзистенцијална замка. Тоа го прави без трошка патетика, со згуснати, напнати и минималистички описи, кои на конкретните ужаси и страдања им даваат општочовечка и безвремена димензија. Преводот на книгата е на Ива Фиданчева.
Збирката раскази „Утехата на Адамовото дрво“ од современата латвиска писателка Инга Жолуде (1984) опфаќа различни сцени од урбаниот и руралниот живот на современата Латвија. Специфичен аспект на прозата на Жолуде е способноста да се уништи секоја граница меѓу реалноста и фикцијата, познатото и непознатото, локалното и глобалното. Понекогаш е тешко да се претпостави на кое место и во кое време се случуваат овие раскази, а понекогаш убавината на текстот се состои токму во специфичната локална боја и колорит. Овие раскази силно ја одразуваат атмосферата на Европа од почетокот на XXI век, па затоа за многу критичари книгата е една од најважните прозни дела објавени во Латвија во изминатите неколку години. За „Утехата на Адамовото дрво“, Жолуде во 2011 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Преводот на книгата е на Василка Пемова.
Објавувањето на овие четири наслови се поддржани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


